Skip to main content

Пандемија

Албанија ги укинува антиковид мерките

Од 1-ви мај во Албанија се укинува обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан ковид, како и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите странски државјани при влез во државата.
 |  инфодеск  | 

Албанските власти одлучија да ги укинат сите преостанати ограничувања воведени поради пандемијата на коронавирусот во пресрет на летната сезона. Надлежните денеска соопштија дека мерките ќе бидат укинати на 1-ви мај.

Одлуката значи дека маските повеќе нема да бидат задолжителни во затворени простории, ноќните клубови повеќе нема да мора да се затвораат во 23 часот и повеќе нема да се бара доказ за вакцинација или негативен ПЦР тест за влез во Албанија.

Ковид пасош

Властите ги повикаа жителите да продолжат да се вакцинираат против коронавирус, а оние над 60 години да примат четврта доза од вакцината.

Албанија пријави значително помалку нови инфекции во последните недели отколку порано.