Skip to main content

Али Абдусалам – новиот претседател на Генералното собрание на ОН

Али Абдусалам е новиот ротационен претседател на Генералното собрание на ОН.

 |  Крсте Голабовски  | 
Generalno sobranie
Генерално собрание
Али Абдусалам е новиот ротационен претседател на Генералното собрание на ОН. Треки, кој беше избран со овации да раководи со 64-та сесија на Генералното собрание, е поранешен министер за надворешни работи на Либија и досега трипати беше постојан претставник на северноафриканската држава во ОН.

Generalno sobranie ONВо изјавата по изборот новиот претседател им се заблагодари на земјите-членки и изјави дека неговата идна работа ќе зависи од соработката на секој член на Генералното собрание, без да изразува пристрасност кон определени групи земји.

– Мојата главна девиза ќе биде праведноста, мирот и заедничкиот интерес на целата меѓународна заедница, рече тој.
Меѓу своите приоритети новиот претседател ги посочи реформата на ОН и пред се на Советот за безбедност, како и поставувањето нови основи на дејноста на Генералното собрание.

Генералното собрание е еден од најважните органи на ОН, во кое сите земји имаат подеднакво претставници и право на глас. Првата сесија на Собранието се одржа на 10 јануари 1946 година во Лондон, кога тоа вклучуваше 51 држава. Во моментот Генералното собрание на ОН има 192 земји-членки.

{loadposition content9}