Skip to main content

Alibaba отвора филијали во Европската унија

Alibaba настојува да привлече повеќе продавачи на својата платформа

 |  инфодеск  | 

Кинескиот интернет трговец Alibaba ќе отвора канцеларии ширум Европа во настојување да привлече што повеќе продавачи на својата платформа.

Alibaba ќе отвора “амбасади” во Италија, Франција и Германија, пишува Financial Times.

“Во минатото само големите мултинационални компании ги продаваа своите производи во странство, но во последните неколку години тоа се смени”, коментирал Michael Evans претседател на управниот одбор на Alibaba, додавајќи дека со овој потег ќе се овозможи луѓето од европските земји да ги продаваат своите производи во Кина, но и Кина ќе тргува со остатокот од светот.