Ал Каеда ја презеде одговорноста за двојниот напад во Багдад
Ирачкиот огранок на „Ал Каеда“ – Исламска држава Ирак, ја презеде одговорноста за двојниот напад во кој во неделата во Багдад загинаа најмалку 155 лица.
| Крсте Голабовски | Свет
самоубиец
Ирачкиот огранок на „Ал Каеда“ – Исламска држава Ирак, ја презеде одговорноста за двојниот напад во кој во неделата во Багдад загинаа најмалку 155 лица.
Ова во вторник го објави американскиот Центар за надзор на исламистичките Интернет страници СИТЕ.
Соопштението на Исламска држава Ирак, во кое што се презема одговорноста за двојниот напад на зградата на покраинската управа и Министерството за правда во центарот на главниот ирачки град, објавено е на интернет страницата на Џихад.
Ирачкото Министерство за внатрешни работи соопшти дека во два атентати се убиени 155 лица, а над 500 се ранети.
{loadposition content9}