По грешката во системот на цени поради која артиклите од Amazon минатиот петок можеа да се купат по едно британско пени, од Amazon им порачале на трговците дека нема да платат никаква отштета за настанатата штета.
Како што пишува The Guardian, Amazon им порачува на трговците да се обратат на “третата страна” која е одговорна за софтверската грешка, а во овој случај се работи за компанијата Repricer Express.
Но, за жал на трговците,ниту оваа компанија немала слух на нивните жалби па така им понудила само извинување дека навистина “искрено жалат”.
Да потсетиме, во петокот вечерта многу производи на Amazon можеа да се купат по едно британско пени.
Иако ова непланирано “намалување” донесе среќа на многу купувачи, некои продавачи изгубија и по 100.000 фунти и поради оваа грешка на Amazon би можеле да банкротираат.
{loadposition content9}