Бројни корисници на Amazon останале во шок кога во петокот вечер виделе дека сѐ се продава по едно пени од британската фунта.
Amazon не се одлучил за божиќна распродажба туку дошло до техничка грешка во системот со цените. Сеедно, веста за неверојатното намалување брзо се раширила по социјалните мрежи.
На “попуст” било сѐ, од облека преку мобилни телефони до мебел. Многу продавачи се пожалиле на ова бидејќи поради грешката на Amazon би можеле да банкротираат.
“Преку ноќ изгубив 20 илјади фунти, а некои продавачи изгубиле и до 100 илјади фунти. Веднаш побарав од Amazon да ги спречи испораките”, рекла сопственичката на мала британска компанија Kiddymania, Judith Backford, и додала дека Amazon и понатаму ги испорачува пакетите со цена од едно пени.
Иако поголемиот дел на нарачки се откажани, сеуште не е познато колкава е вкупната штета поради грешка во софтверот. Исто така, не е познато поради што е дојдено до таква грешка во системот за наплата, Repricer Express, кој инаку автоматски ја менува цената на производот за да продавачите останат конкуретни со останатите понудувачи.
{loadposition content9}