Skip to main content

потпишан договор

Америка ќе ја снабдува Европа со гас

Џо Бајден и Урсула фон дер Лајен најавија формирање на заедничка група за ставање крај на зависноста на Европа од руската нафта и гас.
 |  инфодеск  | 
состанок на европската комисија

Формирање на заедничка група за ставање крај на зависноста на Европа од руската нафта и гас. Ова го најавија американскиот претседател Џо Бајден и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

Групата со која ќе претседаваат претставници на Белата куќа и Европската комисија, ќе има за цел да најде алтернативно снабдување со течен нафтен гас и да ја намали општата побарувачка за гас.

САД ќе работат на снабдување на Европа со најмалку 15 милијарди кубни метри течен гас во 2022 година, во партнерство со други земји.

Европската зависност од руската енергија, гас и нафта се покажа како главна пречка во напорите на Западот да ја казни официјална Москва за интервенцијата во Украина.

Иако САД го забранија увозот од Русија, на Европа и е многу потешко да го стори тоа, пренесуваат американските медиуми.