Поранешниот американски претседател, Џорџ Буш изјавил дека неговиот помлад брат би можел да се кандидира за претседател на изборите во 2016 година.
Буш, кој Америка ја водеше од 2001 до 2009 година, во интервју за FoxNews рекол дека Џеб е свесен што е тоа претседателска работа, и дека тоа го научил гледајќи го татко нѝ и мене.
Тој нагласил дека секогаш го охрабрува помладиот брат да влезе во трката за шеф на државата и додал дека Џеб би бил одличен во таа работа.
“Секако дека му давам поддршка. Тој вели дека сеуште не одлучил ништо, но знам дека одлучил. Плус, веројатно не сака да го поттурнува постариот брат”, рекол 43 американски претседател.
Ова не е прв пат некој од членовите на фамилијата Буш да го охрабрува Џеб да се кандидира. Нивниот најмлад брат, Нил Буш, рекол дека и нивниот татко Џорџ Х.В. Буш, кој беше на местото претседател од 1989 до 1993 година, сакал Џеб да влезе во изборна трка и покрај противењето на тогашната прва дама, Барбара Буш, која рекла дека е доста од Бушови во Белата куќа.
Предвидувањата дека Америка би можела да добие и трет Буш се проширија во април кога Џеб Буш рекол дека сака да се кандидира за претседател.
{loadposition content9}