50-годишната забрана за увоз на кубански цигари во САД од денес престанува да важи што значи дека наскоро Американците ќе можат да уживаат во популарните кубански пури. Љубителите на кубански цигари најмногу можат да му заблагодарат на Барак Обама чија нова политика на смирување на односите со Куба и практично почнува да стапува на сила.
Освен кубанските цигари, новата политика на Обама ќе им овозможи на многу Американци патување во 144 км оддалечената Куба без посебни документи, а освен тоа по прв пат ќе можат таму да ги користат своите кредитни картички.
Покрај многуте погодности, со подобрувањето на кубанско-американските односи, Обама најави пред неколку дена дека им е дозволено на американските телекомуникациски компании да можат да водат бизнис во Куба за да се подобри интернет комуникацијата.
Да потсетиме, американскиот претседател Обама и кубанскиот лидер Раул Кастро на 17 декември најавија нова ера во дотогаш амрзнатите соседски односи и спрема најновите показатели, освен цигарите, Американците наскоро ќе одат на Куба и како туристи.
{loadposition content9}