Skip to main content

Американската војска учи руски…. Наздровје!!!

Американската војска исплатува дополнителни 500 долари на секој офицер или војник кој знае најмалку еден странски јазик, особено руски или чеченски, додека оние кои знаат два јазици ќе добијат 1000 долари, пишува рускиот весник “Правда“.

 |  Маја Савиќ  | 
ruski
руски
VojnikАмериканската војска исплатува дополнителни 500 долари на секој офицер или војник кој знае најмалку еден странски јазик, особено руски или чеченски, додека оние кои знаат два јазици ќе добијат 1000 долари, пишува рускиот весник “Правда“.

Според весникот, оваа одлука ја донело Министерството за одбрана на САД, бидејќи заклучиле дека успехот во разни мисии во странство завиди од способноста на војникот да комуницира на јазиците на земјите во кои се наоѓа.

Весникот истакнува дека најинтересно е тоа што рускиот јазик се наоѓа меѓу оние чие познавање е “итно потребно“ во американските сили.
“Изборот на јазикот што треба да се знае во американската војска значи многу. Со помош на тоа може да се предвиди областа во која Вашингтон може да биде активен. Доколку ја погледнеме листата на јазици кои им се препорачани на пилотите во американското воено воздухопловство – можеме да видиме дека тоа се руски и чеченски, како и јазиците на оние народи кои живеат на Кавказот како азербејџански, ерменски и грузиски“, рекол постојаниот претставник на Русија во НАТО Димитриј Рогозин.
Според неговите оцени, тоа значи дека САД во блиска иднина може да посветат особено внимание на регионот околу Кавказ.
{loadposition content9}