Skip to main content

Американски градови можат да бидат цел на напади како оние во Мумбај

Американски градови можат да бидат цел на напади како оние во Мумбај кон крајот на ноември минатата година, кога загинаа 172 лица, предупреди вчера директорот на американското Федерално биро за истражување (ФБИ), Роберт Милер.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Американски градови можат да бидат цел на напади како оние во Мумбај кон крајот на ноември минатата година, кога загинаа 172 лица, предупреди вчера директорот на американското Федерално биро за истражување (ФБИ), Роберт Милер.

Како потенцијални мети Милер ги посочи Сиетл во државата Вашингтон, Сан Диего во Калифорнија, Мајами на Флорида, како и Менхетен во Њујорк.

VasingtonОвие напади ни кажуваат дека со разработена програма и малку пари терористите можат да го обезбедат потребното оружје за да нанесат максимално ефективни порази, истакна шефот на ФБИ на конференцијата посветена за борба против тероризмот во Советот за меѓународни односи во Вашингтон.

Според него, САД остануваат под закана од Ал Каеда, но треба да обрнат внимание и на помалку познатите терористички групи, како и кон терористи кои се групирани внатре во земјата.

„По нападите од 11 септември во САД научивме за дејствувања на млади луѓе од различни заедници, радикализирани и најмени да напаѓаат во Авганистан, Ирак, Јемен или Сомалија. Станува збор за извртување на нашата имиграциона историја“, додаде Милер.

 

 

{loadposition content9}