Skip to main content

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го помилува својот син

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го помилува својот син Хантер Бајден за неговите пресуди за оружје и за затајување данок.
 |  инфодеск  | 

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го помилува својот син Хантер Бајден за неговите пресуди за оружје и за затајување данок. Својата одлука ја оправда со тврдењето дека неговиот син бил подложен на неправедно гонење. Бајден рече дека потпишал помилување за неговиот син Хантер вчера, иако откако ја презеде функцијата рече дека нема да се меша во одлуките донесени од судовите и Министерството за правда.

Во помилувањето се наведува дека Бајден му дал „целосно и безусловно“ помилување на Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014 година и 1 декември оваа година.

Елон Маск, милијардер и ко-раководител на Одделот за владина ефикасност на САД, го критикуваше решението на актуелниот претседател Џо Бајден за помилување на својот син Хантер, кој е обвинет во две кривични дела. Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го нарече решението на Бајден пример за злоупотреба и прекршување на правото. 

Фото: Manuel Balce Ceneta/AP Photo