Апел за единство во борбата против насилството врз жените
Физичките трауми предизвикани од насилствто врз жените се само врв на сантата мраз од страдања што тие ги преживуваат, изјави синоќа генералниот секертар на ОН, Бан Ки-мун по повод Меѓународниот ден на жената.
Вистинските последиците од насилството се поголеми од видливите последици, порача Бан во обраќањето на седницата на Комиисјата за статусот на жените, што се одржа во Њујорк, апелирајќи при тоа за единство во борбата против насилството врз жените.
„Смртта, гладта, високите цени на медицинската заштита и загубите на работните места се само врв на сантата мраз… За жал често насилствата врз жените остануваат несанкционирани, а изрвшителите на тие дела се слободни. Во ниту една земја, во ниту една култура, ниту една жена, стара или млада, не е целосно заштитена“, порача Бан.
Тој како особено значајно го оцени тоа што против насилкството врз жените почнаа да се „слушаат и машки гласови“.
„Само ако застанеме единствени и јасно ја кажеме нашата позиција, можеме да направиме промени“, нагласи Бан.
{loadposition content9}