Апликациите против комарци, за смартфони, воглавно се борат така што емитираат звук со висока фреквенција (најчесто од 10 до 22 kHz), која за поголем дел од возрасните луѓе е нечујна, а која (наводно) ги одбива комарците.
Дали овие апликации имаат делотворност, истражувал Tportal. За одговорот на ова прашање не постои конзезус. Едни се колнат во нивната делотворност, додека други (заедно со неколку научни истражувања) тврдат дека не само што ги одбиваат малите напасници, туку во некои случаеви и ги привлекуваат.
Бидејќи голем број од овие апликации се бесплатни, можете да ги испробате и да се уверите сами. Имајте на ум, и тоа дека не можат сите уреди да репродуцираат звук со такви фреквенции.
Anti Mosquito – Апликација со големина 1,3 МВ, работи на Андроид 1,6 и понови верзии, а емитува звук од 12 до 22 kHz.
Anti Mosquito – Sonic Repeller – Една од најпопуларните во оваа категорија, апликација со големина 2,2 МВ, бара Андроид 2,1 или понов, а нуди распон од 12 до 22kHz.
Mosquito Repellent – Апликација со големина 1,7 МБ, работи на Андроид 2,2 и понови. Ова е една од оние кои нудат и можност за емитување на 10 kHz.
{loadposition content9}