Немаат сите апликации еднаков учинок на вашиот смарт телефон па затоа компанијата AVG објави попис на апликации и игри кои најмногу влијаат на кусото траење на батеријата, а интересно е дека на овој список се наоѓа и најпопуларната мрежа на светот Facebook. Екипата од AVG податоците за влијанието на апликациите ги собрала анонимно од повеќе од еден милион корисници на нивната AVG Android апликација, а на списокот се наоѓаат апликации кои се превземени повеќе од еден милион пати, како и прединсталационите апликации кои доаѓаат со телефонот од производителот и се покажало дека меѓу топ 10 апликации кои трошат најмногу батерија сенаоѓаат три апликации кои се испорачуваат со телефоните на Samsung.
Топ 10 апликации кои влијаат на перфомансите на телефонот: Facebook, Path, 9GAG Funny Pics&Videos, Instagram, Spotify Music, BBM, QQ, textPlus FreeText&Calls, Wattpad Free Books&Stories и iFunny
Топ 10 апликации кои ја празнат батеријата: All Share Cast Dongle S/W Update (Samsung), ChatON Voice&Video Chat (Samsung), Beaming Service for Beep’n’Go (Moheam), magicApp: Free Calls (magiclack VocalTec), Samsung Watch ON Tablets, Facebook, Path, PPS for Mobile, Vault-Hide SMS Pics&Videos и Al-Moazin Lite Prayer Times.
Топ 10 апликации кои завземаат најмногу простор на телефонот: NY Times – Breaking News, Tango Messenger Video&Calls, Spotify Music, Facebook, Chrome Browser, 9GAG Funny pics&videos, Instagram, Line camera-Selfie&Collage, Vine и Talking Angela.
Топ 10 игри кои ја трошат батеријата на телефонот: Puzzle&Dragons, Hay Day, Candy Crush Saga, Minecraft-Pocket Edition, Cookie Jam, Pet Rescue Saga, Clash of Clans, Bubble Witch 2 Saga, Farm Heroes Saga, Angry Birds.
{loadposition content9}