Skip to main content

Апликација за љубоморни лица

Апликацијата StealthGenie била наменета за таканаречениот “пазар за брачни неверства”

 |  инфодеск  | 

 

Извршниот директор на компанијата InvoCode, Hammad Akbar е првиот во САД кој е уапсен поради продажба и огласување на spyware апликација за мобилните телефони.

Имено, неговата апликација StealthGenie наменета е за пресретнување и тајно снимање на телефонски разговори, при што сопственикот нема никакви сознаниа за оваа апликација и дека некој ја следи неговата комуникација. Бизнис планот на оваа компанија односно на StealthGenie е ориентиран на, како што го нарекоа на Cnet, пазар за брачни неверства, односно апликацијата е наменета за љубоморни лица кои сакаат да ги прислушкуваат и следат своите мажи/жени.

Akbar е уапсен минатиот викенд во Лос Анѓелес и е обвинет за продажба на уреди за тајно прислушкување и огласување на таков уред. Купците на неговата апликација имале, на посебен онлајн сервис на страницата cp.stealthgenie.com, пристап на снимената комуникација, а по неговото апсење FBI ја угаснал таа страница. Асистентот на државниот обвинител, Leslie Caldwel, во соопштението за јавноста коментирала дека продажбата на вакви апликации е криминално дело и дека апликациите како оваа се првенствено направени за шпијунирање, но и за злопотребувачите кои сакаат да знаат детали за приватните животи на своите жртви и тоа без нивно знаење.

{loadposition content9}