Apple како систем и понатаму е многу безбеден, но се чини дека хакерите пронаоѓаат некаков начин, ако не друго барем на кратко време. Последен таков случај се случил неодамна кога е приметено дека malware се наоѓа во кодот апликации кои се одобрени на AppStore.
Тоа се случило кога девелоперите веќе заразена апликација ја предале на преглед во Apple и тоа преку Xcode , односно алатка за пишување на програмскиот код кој е превземен преку кинески сервери, а не од америчките. Причината за превземање од кинеските сервери на тој софтвер е единствено брзината.
Досега на AppStore имало само пет заразени апликации со некаков вирус, но овој пат таа бројка се зголеми на 344 кои се отстранети од AppStore од страна на Apple. Од компанијата велат дека malware имал многу мали лимитирани можности и дека не може да стане збор за кражба на податоци или поголеми оштетувања.
Хакерите повторно докажаа дека е можно да се зарази екосистемот на Apple вметнувајќи легитимни апликации, а сигурно е дека и други хакери ќе се обидат да пронајдат сличен начин за да ги загрози апликациите.
Од компанијата засега не напоменале како може да се открие кои уреди се заразени или не, но меѓу попознатите апликации се најдоа заразени WeChat, DidKuaidi и NetEase, пренесува Reuters.