Цената по која ќе го продаде бутикот, италијанскиот индустријалец Carlo De Benedetti, претставува рекорден износ за еден објект кој ќе биде под брендот Chanel.
Имено, француската модна куќа Chanel ќе плати 140 милиони евра за бутик на авенијата Монтењ во Париз.
Фамилијата Wertheimer, во чиј посед е компанијата Chanel, ќе го превземе овој бутик под свој бренд, со површина од 600 метри квадратни, по рекордна цена од 230.000 евра по квадрат, пишува францускиот Figaro.
Авенијата Монтењ претставува една од најдобрите локации за продажба на луксузна роба, така да, како што наведува весникот, воопшто не изненадува тоа што Wertheimer решил да го одврзе кесето за овој бутик.
До сега Chanel за овој објект му плаќал на сопственикот закупнина од повеќе од два милиони евра годишно.
{loadposition content9}