Во јануари 2027 година, Атина ќе биде домаќин на 39 Европски филмски награди кои за првпат ќе се одржат во град во југоисточна Европа.
Предлогот Атина да биде град-домаќин го подготвил Грчкиот центар за филм, аудиовизуелни средства и креативност „Creative Greece“, го доставил до Европската филмска академија и бил прифатен, церемонијата ќе се одржи на 16 јануари 2027 година во Културниот центар на Фондацијата Ставрос Ниархос, а активностите во пресрет на доделувањето на наградите ќе започнат 12 месеци претходно, со бројни настани посветени на грчката и европската кинематографија.
– Со голем ентузијазам ќе бидеме домаќини на Европските филмски награди. Атина е жив и гостопримлив град, кој со посетителите го споделува своето богато културно наследство во комбинација со модерниот, надграден имиџ. Со право беше прогласена за водечка светска културна дестинација за 2024 година на „World Travel Awards“. И сега, со честа што ни ја прави Европската филмска академија, позицијата на нашиот град како популарна дестинација за филмската индустрија е официјално признаена, рече градоначалникот на Атина Харис Дукас, објаснувајќи дека преку Athens Film Office им помагаат на меѓународните и домашните продукции.
Околу 1.300 гости ќе присуствуваат на церемонијата на доделувањето на наградите во 2027 година. Медиумскиот партнер ЕРТ, Грчката радиодифузна корпорација, поддржана од Европската радиодифузна унија, ќе го емитува шоуто во живо.
Неодамна, грчкиот филмски режисер Јоргос Лантимос ги освои наградите БАФТА, Оскар и Златен глобус за неговите дела. Неговиот филм „Омилениот“ (Favourite) од 2018 година освои Оскар, седум награди Бафта и Златен глобус, додека минатата година, „Сиромашните работи“ освои четири Оскари, пет награди Бафта и два Златни глобуси.