Skip to main content

Авиокомпаниите со нови правила за рачниот багаж

Помал багаж значи и помала тежина и помалку потрошувачка на гориво

 |  инфодеск  | 

Меѓународното здружение на воздухопловен превоз (IATA) одреди нови, значително помали димензии за рачниот багаж кој може да се внесува во авионот. Многу превозници, вклучувајќи ја и Lufthansa, најавиле интересирање за оваие насоки на IATA.
Сите кои летаат знаат каква борба се води за просторот за багаж над седиштата на авионот, особено во зима кога треба таму да се смести и капутот, па последните патници кои ќе влезат во авионот скоро и да немаат шанса нешто да стават во тој простор.
На конференцијата на IATA, која се одржа во Мајами, се одредени нови насоки што се однесува до рачниот багаж. Досега рачниот багаж беше дозволен да биде со димензии 55cm x 45cm x 25 cm, а со новите насоки висината (вклучувајќи ги тркалата на торбата) ќе остане иста, но куферот ќе мора да биде потесен (35 cm) и потенок (20 cm).