Боинг 777 на компанијата Emirates, кој утрово полетал од Тривандрум кон Дубаи, се запалил во воздух од засега непознати причини. За среќа, пилотите успеале да го спуштат на пистата во Дубаи, а сите патници и членови на екипажот се на време евакуирани.
Фотографиите на социјалните мрежи сведочат дека авионот го влечел десното крило по пистата, односно во еден момент во потполност го прекрил црн чад.