Skip to main content

Во Австралија и до азил, малку потешко

Во Австралија стапи на сила кодекс за бегалец,преку кој се утврдуваат правилата на однесување на странците кои побарале азил во земјата.

 |  Голабовски Крсте  | 
imigranti
имигранти

Во Австралија стапи на сила кодекс за бегалец,преку кој се утврдуваат правилата на однесување на странците кои побарале азил во земјата.

Согласно кодексот, од бегалците се бара да ги почитуваат локалните закони, вклучувајќи ги и правилата на сообраќајот, да ги почитуваат правилата на властите по секакви прашања, како и да не го вознемируваат локалното население, да не го плашат, да не влегуваат во конфликти и да не учествуваат во антиопштествени појави.

imigranti„Кодексот им дава право на властите, на оние кои нема да го почитуваат кодексот, да им ја одземат визата или да им ја укинат социјалната помиш. Во случај на одземање на визата, лицето ќе се испрати во бегалски центар или во камп за имигранти надвор од земјата“, истакнал министерот за прашањата на имиграцијата и гранична безбедност, Скот Морисон.

Кодексот беше предложен токму од Морисон, кој е на функцијата министер од септември. Одлуката за неговото воведување сепак беше сериозно критикуван од опозицијата. Сенаторотката Сара Хансон Јанг од Партијата, го окарактеризирала кодексот како дискриминаторски, што ги уништува идеалите на демократско општество.

Австралија отвори камп за имигранти на територијата на Папуа-Нова Гвинеја и островската држава Науру, со цел намалување на бегалскиот поток кон Зелениот континент. Поголем дел од бегалците кои доашаат во Австралија се од Шри Ланка и Индонезија.

{loadposition content9}