Skip to main content

Инцидент

Автомобил удри во толпа луѓе во Берлин

Осомничениот возач е уапсен на лице место. На фотографија објавена на интернет се гледа автомобил кој влетал во излог на продавница.
 |  инфодеск  | 
Несреќа Берлин

Автомобил денеска влета во група луѓе во Берлин. Податоците за жртвите и натаму пристигнуваат, а бројот на повредени многу варира во различни извештаи. Така, некои германски медиуми пишуваат за десетина повредени, а „Шпигел“ за дури триесетина ранети.

Според „Скај њуз“, најмалку едно лице загинало. „Билд“ пишува дека во несреќата учествувал еден автомобил „рено клио“. Човекот за кој се верува дека е возачот е уапсен. Местото е полно со полицајци и пожарникари.

Несреќа Берлин

Несреќата се случила во фреквентен дел од градот полн со продавници, недалеку од местото каде што 11 лица загинаа во сообраќајна несреќа на божиќен панаѓур во 2016 година.

Американскиот актер Џон Бароумен по инцидентот објави фотографии и снимки на „Твитер“.

Мислам дека бевме сведоци на терористички напад овде во Берлин, но не сме сигурни. Има многу луѓе, телата се насекаде, видовме автомобил кој налета по патот и заврши во излог. Ужасно е – опиша тој.

https://twitter.com/JohnBarrowman/status/1534462919039078401?s=20&t=ImpnfZSLQfmvXqNNujPvig