Доделени БАФТА наградите во Лондон: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм
79. Филмските награди British Academy of Film and Television Arts (БАФТА) за 2026 година беа доделени во Кралската фестивалска сала во Лондон минатата вечер на која водителот беше Алан Каминг. Апсолутен победник на вечерта беше филмот „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон, кој освои шест награди, вклучувајќи најдобар филм, најдобар режисер и најдобро адаптирано сценарио.
Овогодинешното доделување на наградите помина во знакот на изненадувања, а неизвесноста околу победниците траеше сè до последниот момент. Вечерта не беше наклонета кон „Марти Суприм“, филмот кој имаше најмногу номинации, а кој на крајот остана без ниту една освоена награда. Сепак, имаше и многу поводи за радост.
Најголемото изненадување го приреди Роберт Арамајо, освојувајќи ја наградата за најдобар актер за својата впечатлива изведба во биографската драма „Се колнам“. Со оваа победа тој ги надмина силните конкуренти како Леонардо Дикаприо, Итан Хоук и Тимоти Шаламет, а воедно ја однесе и својата втора БАФТА статуетка таа вечер.
Победници на БАФТА 2026 во најважните категории:
Најдобар филм: Една битка по друга („One Battle After Another”)
Режисер: Пол Томас Андерсон – Една битка по друга
Главен актер: Роберт Арамајо – Се колнам („I Swear”)
Главна актерка: Џеси Бакли – Хамнет („Hamnet”)
Споредна машка улога: Шон Пен – Една битка по друга
Споредна женска улога : Вунми Мосаку – Грешници („Sinners“)
Оригинално сценарио: Грешници („Sinners“)
Адаптирано сценарио: Една битка по друга („One Battle After Another”)
Извонредно британско деби: Сенката на мојот татко – Акинола Дејвис Џуниор, Вејл Дејвис
Извонреден британски филм: Хамнет („Hamnet”)
Филм на странски јазик: Сентиментална вредност
Анимиран филм: Зоотопија 2 („Zootopia 2“)
Монтажа: Една битка по друга („One Battle After Another”)
Дизајн на костуми: Франкенштајн („Frankenstein”)
Оригинална музика: Грешници („Sinners“)
Документарен филм: Господин Никој против Путин