Skip to main content

Бакнеж кој предизвикал бес

Официјални лица биле шокирани од фотографијата

 |  инфодеск  | 

Претседателот на филмскиот фестивал во Кан, Gilles Jacob, се обидел да ја смири ситуацијата која настанала во Иран, откако ја бакнал иранската актерка Leila Hatami, објаснувајќи дека тоа е обичај на запад.

Ирански официјални лица биле шокирани со фотографијата која ја пренесле иранските медиуми на која се гледа како Gilles Jacob ја бакнува во лице актерката на отворањето на фестивалот во Кан. За нив тоа е кршење на чедноста на иранската жена.

Ја бакнав госпѓата Hatami во лице. Во тој момент таа за мене го претставуваше иранскиот филм а потоа таа стана повторно таа“, рекол Jacob на својот твитер профил. „ Поради тоа, оваа контроверза околу обичајот на запад избила без причина“, додал тој.

Спрема шеријатскиот закон, кој во Иран е на снага од револуцијата во 1979 година, на жените не им е дозволен физички контакт со мажи кој не се во фамилијарна врска.

{loadposition content9}