Во моментот кога ОН предупредуваат на климатските промени како една од најголемите закани, а најголемите светски економии ги ставаат во фокусот на своите политики, колку е Балканот подготвен да се соочи со реалноста на промените во природата.
Научниците предупредуваат дека влијанието на климатските промени е видлив, а глобалното затоплување носи последици како што се глад, болести, сиромаштво и војни. Со зголемувањето на температурите (се проценува раст на температурата на планетата да изнесува од 0,3 до 4,8 степени), Европа ја очекуваат суши, топлотни бранови, поплави, нешто што веќе го видовме на овие простори, а се предвидува овие појави да бидат почести и поекстремни.
ЕУ од својот буџет за периодот од 2014 до 2020 година издвоила 20% од средствата токму за климатските акции, помеѓу другото за ублажување на климатските промени и стратегија на адаптација на суши, поплави или шумски пожари. Идејата била државите во своите економски сектори да предвидат средства за климатските промени. Станува збор за стратешко планирање на енергетиката, земјоделството, туризмот а сето тоа со цел да се створи систем за отпор на климатските промени. Се поставува прашање, колку е Балканот спремен за ова?
Европските експерти за климатски и енергетски прашања инсистираат на информирање на јавноста и комуникација со политичарите заради подобро стратешко планирање и координирање во стварање на системот на отпор на климатски промени и соодветна инфраструктура. Предвидените климатски модели кои говорат за движења на тепературите, падавини и нивоата на морињата во наредните 100 години, велат дека се очекува голема изложеност на климатските промени на јужна Европа. Додека на северот од Европа се очекува поумерена клима, на југот ќе станува поекстремна, потопла и со многу врнежи. Таква промена на Балканот би можело да донесе значајни загуби во приносот на житните култури, се предвидува раст на нивото на морињата од 26 до 82 цм, а со тоа губат земјоделието и туризмот.
Во светот и понатаму постои оптимизам и многу надеж се полага на договорот кој се очекува во 2015 година. Тоа би значело смалување на емисијата на гасови во стаклена градина до 2050 година и ублажување на вакви екстремни природни појави. Моентално, за тоа не се потребни драстични промени на квалитетот на живеење и навиките или одрекувањето од економскиот раст и просперитет. Меѓутоа, доколку не се потпише договорот, а емисиите на штетни гасови продолжат, иднината на регионот па и на Европа и светот во целина нема да е светла, порачуваат од европската мрежа за климатски акции во Брисел.
{loadposition content9}