Стрес тестот е спроведен во 123 банки во Европската унија, за да се види дали би можеле да издржат уште една финансиска криза. BBC пишува дека тој тест не го поминале 24 банки.
Банките сега имаат девет месеци да ги доведат во ред своите финансии или да ризикуваат затворање. Ревизијата се темели на финансиското здравје на банките на крајот од 2013 година.
Во меѓувреме, десет од 24-те наведени банки превземале мерки за подобрување на своите биланси. Преостанатите 14 банки се наоѓаат во еврозоната,а најголемата од нив која паднала на испитот е италијанската Monte dei Paschi di Siena.
Еве кои 14 банки мора да работат на своите финансии:
Австрија: Oesterreichische Volksbanken, Белгија: AXA Bank Europe, Dexia, Кипар: Hellenic Bank Public Company, Грција: Eurobank Ergasias, National Bank of Greece, Ирска: Permanent TSB, Италија: Banca Carige, Monte dei Paschi, Banca Popolare di Milano, Banca Popolare di Vicenza, Португалија: Banco Comercial Portugues, Словенија: Nova Kreditna Banka Maribor, Nova Ljubljanska Banka.
Ова се сите европски банки кои паднале на тестот:
Австрија: Oesterreichische Volksbanken, Белгија: AXA Bank Europe, Dexia, Кипар: Hellenic Bank Public Company, Bank of Cyprus, Co-operative Central Bank, Германија: Munchener Hypothekenbank, Франција: Caisse de Refinancement de l’Habitat, Грција: Eurobank, National Bank of Greece, Piraeus Bank, Ирска: Permanent TSB, Италија: Banca Carige, Banca Monte dei Paschi, Banca Piccolo Credito Valtellinese, Banca Pop Dell’Emilia Romagna, Banca Pop di Milano, Banca Pop di Sondrio, Banca Pop di Vicenza, Banca Pop Societa Cooperativa, Veneto Banca, Португалија: Banco Comercial Portugues, Словенија: Nova Kreditna Banka Maribor, Nova Ljubljanska banka