Откако во февруари оваа година е усвоен европскиот закон наречен “right to be forgotten” во кој секој од нас има право да побара неговите податоци да се отстранат од резултатите на пребарување, Google објави колку точно линкови отстранил.
Точниот број е 170.706 линкови (URL), што отприлика е 42% од вкупниот број на барања кои се поднесени до Google. Од почеток беше јасно дека компанијата нема да удоволи на секое барање, што е нормална постапка, бидејќи ако се удоволува на секое барање без добра причина тогаш би се уништила целокупната структура на Google и би настанал поприличен хаос. Целата постапка е комплексна, бидејќи откако лицето ќе поднесе барање, мора да се провери апсолутно сѐ што е наведено во барањето, и дури потоа се носи одлука дали податоците од базата ќе бидат избришани. Беше очекувано да се појавуваат барања со лажни податоци, и очекувано Google не ги отстранил од резулататите на пребарување.
“Во проценката на секое барање ние ќе проверуваме и анализираме дали резултатите се застарени, дали се релевантни, дали се точни, а ги вклучуваме и неточните податоци за одредено лице. Исто така проценуваме дали постои јавен интерес за информациите кои се појавуваат за резултатите на пребарувањето, кога се работи за финансиски измами, професионални измамници, лица со казнени пресуди или непримерно однесување на државни службеници и јавни лица. Откако ќе се направат овие подробни анализи ние одлучуваме дали ќе ги тргнеме резултатите на пребарување или не”, објавиле од Google.
{loadposition content9}