Баросо бара брза одлука за Лисабонскиот договор
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо побара вчера во Виена брза и конечна одлука за Лисабонскиот договор.
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо побара вчера во Виена брза и конечна одлука за Лисабонскиот договор.
Тој изјави дека за идниот состав Еврокомисијата ќе одлучи дури кога ќе биде се јасно околу Лисабонскиот договор.
– Дури кога ќе се знае дали Лисабонскиот договор ќе стапи во сила, или ќе дојде до преоден период, ќе биде можно да се одлучи за составот на ЕК, наведе Баросо.
Тој прецизираше дека доколку ЕК се одредува според Лисабонскиот договор, тогаш сите земји-членки на ЕУ мора да добијат место комесар, а доколку се применуваат критериумите од Ница би имало помалку комесари.
– Поради тоа инсистирам Чешка да пронајде решение, истакна тој, додавајќи дека е уверен оти Прага како последна земја-членка, сепак ќе го прифати Лисабонскиот договор.
{loadposition content9}