Skip to main content

Баросо ја предупреди Турција за слобода на печатот

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја предупреди синоќа Турција да не носи одлуки кои можат да ја ограничуваат слободата на печатот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Abdullah Gul
Абдула Ѓул
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја предупреди синоќа Турција да не носи одлуки кои можат да ја ограничуваат слободата на печатот.

„Целосното почитување на слободата на печатот е важна вредност за сите нас во Европската унија, истакна Баросо на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Абдула Ѓул.

Abudla i BarosoПретседателот на ЕК го упати тој коментар во одговор на новинарско прашање за глобата во износ од околу 500 милиони долари, која турските даночни власти и ја наложија неодамна на најголемата медиумска група во земјата „Доган“.

„Ние го почитуваме целосно суверенитетот по фискалните прашања, увери Баросо. Во исто време тој рече дека изразил загриженост пред Ѓул по повод секое решение кое може да го стави под знак прашање неопходниот плурализам на печатот и неговата целосна слобода.  

Турскиот претседател е во Брисел во обид да ги забрза преговорите за присоединување на неговата земја кон ЕУ.

{loadposition content9}