Skip to main content

ВИДЕО: Бебе на патот

Возач на автобус од Тексас за малку ќе прегазил 14-месечно бебе, кое во ниедно време од ноќта, облечено само во пелена седело мирно на белата линија на автопатот.

 |  Маја Савиќ  | 
bebe
bebe

bebe na patВозач на автобус од Тексас за малку ќе прегазил 14-месечно бебе, кое во ниедно време од ноќта, облечено само во пелена седело мирно на белата линија на автопатот.

Мајк Хабард прво помислил дека е куче, но навреме сфатил дека станува збор за беспомошно полуголо бебе. Веднаш закочил и успеал да го сопре автобусот на само неколку сантиметри од малото.

“Од далеку не можев да видам што точно има на патот. Ми личеше на куче. Почнав да ја намалувам брзината и дури тогаш забележав дека на сред патот има бебе. Изгледаше како да има само 8 месеци. Не можев да видам дали јаде нешто, но кога го виде големиот автобус пред себе, очите му се отворија ширум”, се сеќава возачот.

За ситуацијата да биде уште поапсурдна, набргу по сопирањето, од блиската куќа излегол маж со полуспуштени пантолони, кој преплашено го зграбил бебето и влегол внатре.

Инцидентот се случил во мај 2009-та година, но снимката од безбедносната камера на автобусот е објавена дури сега, како доказ во процесот за старателството над бебето, кое всушност е девојчето Дестни Гонзалез. Откако случајот бил пријавен, социјалните служби им го одземале детето на родителите, кои тогаш не ни забележале дека малото излегло надвор.     

“Тоа беше несреќен случај, не дека не внимававме. Можев да се заколнам дека сите мои деца беа дома и гледаа телевизија. Се случи најголемата можна несреќа и ужасно ме боли тоа”, изјавила за локалните медиуми мајката, која ја чека одлуката од службата за заштита на децата.

{hwdvideoshare}id=954|width=300|height=225{/hwdvideoshare}

{loadposition content9}