Берлускони заработи четири години „под сенка“
Судот во Милано ја потврди казната од четири години затвор за поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, за затајување на данок во случајот Медиасет.
| Голабовски Крсте | Свет
Silvio Berlusconi
Судот во Милано ја потврди казната од четири години затвор за поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, за затајување на данок во случајот Медиасет.
Берлускони исто така мора да плати и 10 милиони евра казна на Даночната управа.
Врз основа на законот за амнестија, уште при изрекувањето на неправосилната пресуда, казната му е намалена на една година. Берлускони исто така доби и забрана за политичко дејствување од пет години.
Примената на казната е одложена затоа што адвокатите на 76-годишниот поранешен премиер сеуште може да поднесат жалба до Врховниот суд.
{loadposition content9}