Берлускони сака да го види Израел во ЕУ
Оваа желба ја изрази на почетокот на тридневната посета на еврејската држава.
„Мојата најголема желба откако се занимавам со политиката е да го внесам Израел во Европската унија“, му рече Берлускони на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Немаме секој ден привилегија да пречекаме еден од најголемите пријатели на Израел, храбар лидер, голем борец за слобода и ентузијаст за мир“, му возврати неговиот колега.
За време на владеењето на Берлускони, Италија стана еден од најсилните европски сојузници на Израел. На напорите на Берлускони да ги зајакне врските со Тел Авив им претходеа децении проарапска политика на неговите претходници.
Иако Израел има блиски трговски врски со ЕУ, до сега не инсистирал да и се приближи на Унијата.
Од друга страна, Италија е најголемиот трговски партнер на Иран во ЕУ, додека Израел го смета Иран за најголема закана и го обвинува дека работи на производство на нуклеарно оружје.
Италија наведе дека и покрај огромниот интерес на италијанските компании во Иран, „ќе постапи одговорно“ доколку бидат воведени нови санкции против Техеран и изрази надеж дека „прекинувањето на иранските нуклеарни амбиции“ ќе има предност над неговите трговски интереси.
Оваа вест е преземена од:
http://www.a1.com.mk
{loadposition content9}