Иако претстави низа на производи, на чело со долго очекуваниот iPhone 6, Apple не ги инпресионира берзанските инвеститори, барем за сега.
Владееше еуфорија за време на претставувањето на очекуваниот платен систем кој го поседува Apple со помош на iPhone, но разочарувањето следеше откако беше кажано дека часовникот Apple Watch нема да биде на пазарот пред Нова година, дека ќе работи само со iPhone и дека ќе чини 350 долари. Акциите потонаа на 96 долари по оваа објава, а тргувањето го заврши на 97,99 долари, што е за 0,4% помала цена од претходниот ден. За Apple тоа е широка осцилација на цената, што покажува дека на Wall Street внимателно се следело дали Apple губи на иновативноста по смртта на Steve Jobs во 2011 година.
Иако аналитичарите му замеруваат на Apple што Apple Watch нема да е достапен за време на божиќното потрошувачко лудило, Citigroup проценува дека на тој часовник Apple до крајот на 2016 година ќе заработи 12 милијарди долари.
Берзанските аналитичари сепак сметаат дека акцијата на Apple ќе се движи во склад со целокупниот пазар, но долгорочно се очекува раст. Тие исто така сметаат дека ова за Apple е технолошки чекор за кој на конкуренцијата ќе им требаат години за да ги достигне. Со самото тоа и приходите ќе им растат побрзо од конкуренцијата.
{loadposition content9}