Билансот на жртвите во земјотресот на Хаити над 200.000?
Вкупниот биланс на загинатите во катастрофалниот земјотрес кој го погоди Хаити најверојатно ќе ја достигне бројката од 200.000 настрадани, соопшти министерот за внатрешни работи на Хаити Пол Антоан Бјен Еме.

„До сега се пронајдени тела на 50.000 загинати. Според нашите проценки во земјотресот вкупно настрадаа помеѓу 100 и 200 илјади луѓе, иако никогаш нема да ја дознаеме вистинската бројка на настраданите“, изјавил министерот Бјен Еме за западните агенции, додавајќи дека 3 четвртини од престолнината Порт-о-Пренс е целосно разорена и ќе мора одново да се гради
Според сеизмолозите , разорниот земјотрес од 7 степени по рихтер кој вторникот го погоди островот на Хаити се смета за еден од 10 те најсмртоносни земјотреси кои досега се регистрирани во светот .
{loadposition content9}