Skip to main content

Бискупот што го негира Холокаустот ризикува затвор

Програмата на шведската телевизија за контроверзното свештеничко братство ССПЏ кое го негира Холокаустот доби правни консеквенци во Германија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Richar Wiliamson
Ричард Вилијамсон
Програмата на шведската телевизија за контроверзното свештеничко братство ССПЏ кое го негира Холокаустот доби правни консеквенци во Германија.

Jавниот обвинител во Регенсбург донел одлука да почне предистражна постапка против бискупот на ова братство Ричард Вилијамсон, кој во интервју за шведската телевизија отворено го негираше Холокаустот, а што е забрането во Германија.

Тој сега ризикува затворска казна во траење до пет години.

grbИнтервјуто со контроверзниот бискуп предизвика големо меѓународно внимание при што многумина еврејски водачи изразија чудење од неговите изјави.

„Сметам дека историските докази силно зборуваат против тоа дека шест милиони Евреи биле масовно убивани во гасни комори, според некаква свесна политика од страна на Адолф Хитлер“, изјави бискупот Ричард Вилијамсон. во интервју за шведската телевизија.

 

 

 

{loadposition content9}