Блер ќе одговара за Ирак
Поранешниот британски премиер, Тони Блер во петок ќе се појави пред истражната комисија за војната во Ирак.
Со тоа тој на коцка ќе го стави својот личен и угледот на неговата Лабуристичка партија.
Одлуката за испраќање на 45.000 војници за напад на Ирак во 2003 година е најконтроверзната одлука за време на неговиот десетгодишен мандат која се уште предизвикува кавги, поделби меѓу лабуристите и обвинувања дека со оваа одлука Блер ја доведува јавноста во заблуда оправдувајќи ја војната.
Седум години по падот на Садам Хусеин и по три години од заминувањето на Тони Блер, ова прашање се уште предизвикува лутина.
Родителите на некои од 179 – те британски војници загинати во Ирак ќе се приклучат кон антивоените протести пред зградата во која ќе се одржи сослушувањето и ќе бараат Блер да се прогласи за воен злосторник.
Некои од лабуристичките челници стравуваат дека истрагата, а особено сведочењето на Блер, повторно ќе предизвика силни емоции меѓу избирачите и така ќе се намали јавната поддршка на партијата која веќе заостанува зад конзервативната партија непосредно пред изборите во јуни.
„Тоа е клучен ден за него, за британската јавност и за моралниот авторитет на Велика Британија во светот .Тоа е голем ден, многу поважен од него самиот и неговиот личен углед“ рече Антони Селдон, политички коментатор и биограф на Блер.
{loadposition content9}