Спрема резултатите на истражувањето кое неодамна го објави BP, спрема моменталниот степен на извлекување на нафта, за 53,3 години овој вреден и моментално незаменлив ресурс ќе биде потрошен.
Подоцна или порано ќе се извлече и последната капка нафта од земјата, а ако се верува на истражувањето од BP, тоа ќе се случи за околу 50 години, пренесува USA Today. Тие предвидуваат дека моментално има резерви на нафта во количина од 1.687,9 милијарди барели, што е подобрување на прогнозата во однос на 2013 година.
За овие пооптимистички прогнози може да се заблагодари на САД за кои BP вели дека имаат 44,2 милијарди барели нафта во резерва што е за 26% повеќе од она што се сметало дека има.
Новите технологии на извлекувањето на нафта и откривањето на нови наоѓалишта доведуваат до парадоксална ситуација дека резервите на нафта би можеле да растат. Со тоа, се надеваме дека тоа нема да влијае негативно на напорите за комерцијализирање на алтернативните извори на енергија, бидејќи секако би требало да се продолжи да се работи на намалување на зависноста од плин и нафта, гледано долгорочно.
А податокот кој BP неодамна го објави дека преостануваат околу 50 години за вадење на нафта, би можело да биде уште еден спин за да се оправда зголемувањето на цената на нафтата, во случај последните војни во земјите богати со нафта не завршат онака како што тие очекуваат.
{loadposition content9}