Браќата од Дебар прогласени за виновни во САД
Федералниот суд во САД прогласи синоќа за виновни пет обвинети за подготвување терористички напади, меѓу кои и тројца етнички Албанци од Дебар.
| Крсте Голабовски | Свет
терористи
Федералниот суд во САД прогласи синоќа за виновни пет обвинети за подготвување терористички напади, меѓу кои и тројца етнички Албанци од Дебар.
Според извештаите, браќата Дритан, Шахин и Елвир Дука, родени во Дебар, заедно со уште еден Јорданец и Американец од турско потекло, се осудени за подготвување терористички напад врз воената база Ford Dix, во американската држава Њу Џерси, по што беа притворени во 2007 година.
Обвинителниот акт, и покрај тоа што наведува дека тие биле инспирирани за активноста од терористичките акции на Осама Бин Ладен, сепак не утврдува оти имале директна соработка со терористичката мрежа на Бин Ладен.
Се очекува наскоро, Судот да им изрече законска казна, што за овој тип на кривично дело, може да биде и доживотна затворска казна.

{loadposition content9}