Британската Барклис купува активи на Леман Брадерс за 72 милијарди долари
Британската банка Барклис соопшти дека склучила договор за купување на бизнисот од банкротираната американска инвестициска банка Леман Брадерс.
„Тоа е можност која се отвара еднаш во животот на Барклис“, изјави претседателот на британската банка Роберт Дајмонд.
Неопходно е зделката да биде одобрена од Суд.
Американскиот весник Волстри џурнал уште вчера објави дека бил постигнат договор.
Најголемата инвестициска банка во САД, „Голдман Сакс“ вчера соопшти дека во третиот квартал од годинава остварила чист профит од 845 милиони долари, што е за околу 70 проценти помалку од заработката остварена во истиот период од 2007 година.
Тоа претставува најголем годишен пад на профитот на банката од 1999 година, кога започна тргувањато со нејзините акции на Берзата во Њујорк. Профитот на банката по акција изнесува 1,81 долари, додека во истиот период лани тој бил 6,13 долари по акција.
„Голдман Сакс“ е најголема инвестициска банка во САД и една од двете се уште активни банки од некогшната американска „голема бакарска петорка“. Втората банка е „Морган Стенси“. Од останатите три банки од „петорката“, „Бер стермс“ банкротираше пролетоска, „Леман Брадерс“ прогласи банкрот вчера, а „Мерил Линч“ е во процес на откупување од страна на „Банката на Америка“
Според аналитичарите, лошите бизнис резултати на „Голдман Сакс“ се последица на кризата со хипотекарните кредити во САД. Вкупните приходи на банката во третиот квартал се намалени за 51 процент и изнесуваат 6,04 милијарди долари.