Skip to main content

Лиз трас

Британската премиерка поднесе оставка

Трас рече дека разговарала со кралот и го информирала дека поднесува оставка како лидер на Конзервативната партија.
 |  инфодеск  | 
Лиз Трас

Премиерката на Британија Лиз Трас поднесе оставка по само 44 дена на функцијата, со што стана премиер со најкраток мандат во историјата на Британија. Трас, ја презеде функцијата од Борис Џонсон на 6 септември.

Таа во изјавата што ја даде во живо на телевизија, рече дека поднесува оставка, но ќе остане на функцијата додека не се избере нов лидер.

Изборите за лидер ќе бидат завршени во текот на следната недела, рече Трас.

Оставката уследи по речиси тоталниот колапс на нејзиниот политички авторитет. Таа, според весникот Гардијан, придонесе за крах на економските пазари, изгуби двајца клучни министри и ја изгуби довербата на речиси сите нејзини пратеници.

Лиз Трас им изјави на новинарите дека ја презела функцијата во време на „голема економска и меѓународна нестабилност“. Таа изјави дека не може да го исполни она за што е избрана и дека поднесува оставка.

Трас го наследи Џонсон на почетокот на септември, кога беше принуден да замине по турбулентната година обележана со партиски скандал во кабинетот на премиерот, додека Британците мораа да почитуваат строги мерки поради ковид-19.

Сè поголем број пратеници побараа оставка на Трас по неколкунеделните превирања предизвикани од нејзиниот економски план. Планот што Владата го презентираше минатиот месец предизвика финансиски превирања и политичка криза, по што дојде до смена на министерот за финансии.

Трас рече дека разговарала со кралот и го информирала дека поднесува оставка како лидер на Конзервативната партија.