Skip to main content

Бројот на децата кои загинаа при уривањето на училиштето во Хаити е 90

Бројот на децата кои загинаа при уривање на училиште во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс е 90, јавија локалните медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
urnatini
урнатини
Бројот на децата кои загинаа при уривање на училиште во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс е 90, јавија локалните медиуми.

„Голем број од жртвите остануваат затрупани под урнатините. Камерите откриваат тела под урнатините, но не можеме да ги извадиме, бидејќи е тешко“, изјави претставник на спасувачките тимови.

HaitiСопственикот на училиштето беше уапсен. Дел од родителите и локални лица го обвинуваат дека го изградил и проширил училиштето без потребните дозволи.

Три дена по трагедијата точниот број на ученици што се под урнатините не може да се прецизира. Околу 150 деца беа хоспитализирани. Податоците на медиумите се дека во училиштето во момент на уривањето имало од 500 до 700 деца и наставници.

{loadposition content9}