Бројот на жртвите од бомбашките напади во Русија се искачи на 33
Во текот на ноќта во болница почина уште еден од повредените во експлозијата што се случи пред два дена на железничка станица, како и уште еден повреден во вчерашниот напад во тролејбусот.
Во текот на ноќта во болница почина уште еден од повредените во експлозијата што се случи пред два дена на железничка станица, како и уште еден повреден во вчерашниот напад во тролејбусот.
Бројот на загинати во двата бомбашки напади во Волгоград се искачи на 33. Во текот на ноќта во болница почина уште еден од повредените во експлозијата што се случи пред два дена на железничка станица, како и уште еден повреден во вчерашниот напад во тролејбусот.
Инцидентот предизвика голема безбедносна операција на повеќе од 4000 полицајци и распоредување на внатрешни трупи во земјата. Стравот кај луѓето се претвори во гнев за време на собирот во чест на загинатите. Рускиот претседател Путин повика на меѓународна солидарност во борбата против тероризмот .
Лидерот на чеченските бунтовници Доку Умаров неодамна повика на напади на руски цивилни мети со цел загрозување на зимските олипмписки игри во Сочи. Поради опасност од нови напади распоредени се десетици илјади војници,полицајци и агенти.
{loadposition content9}