Бугарија побара помош од ЕУ за справување со Ковид-19
Бугарската влада побара од земјите-членки на Европската Унија да ѝ помогнат да се справи со актуелната криза со коронавирусот. Портпаролот на Европската комисија кажа дека Бугарија вчера го активирала Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, додавајќи дека ѝ недостига медицинска опрема, како маски за кислород и болнички кревети.

Овој механизам има за цел да ја засили соработката на полето на цивилната заштита и да ги подобри превенцијата и одговорот на катастрофи и земјите преку него можат да побараат помош од други членки. Во механизмот учествуваат и држави кои не се членки на ЕУ, како Македонија, Исланд, Норвешка и Турција.
Во изминатите 24 часа, Бугарија регистрираше 3.853 нови случаи на коронавирус, како и 199 починати. Во болниците лежат речиси 8.400 пациенти со ковид-19. Бугарија се наоѓа среде силен бран на пандемијата. Капацитетот на болниците го достигнува својот максимум, а седумдневната стапка изнесува 415 новозаразени на 100.000 жители. Таа исто така ја има најлошата стапка на вакцинација во ЕУ, при што само 24% од населението е целосно вакцинирано.