Чарлс Тејлор осуден
Сојузниот суд во Мајами го осуди синот на поранешниот претседател на Либерија, Чарлс Тејлор на 97 години затвор поради физичко малтретирање и убиства во Либерија.
| Крсте Голабовски | Свет
Чарлс Тејлор
Сојузниот суд во Мајами го осуди синот на поранешниот претседател на Либерија, Чарлс Тејлор на 97 години затвор поради физичко малтретирање и убиства во Либерија.
Чарлс Макартер Емануел – Тејлор јуниор (31) е американски државјанин, роден во Бостон. Додека бил момче заминал во Либерија, каде го добил прекарот „Чаки“ и ги предводел „Демонските сили“, паравоена единица која го чувала неговиот татко.
Обвинителството истакна дека Чаки од 1999 до 2003 година со својата единица ги мачел затворениците кои биле против управувањето на неговиот татко.
Чарлс Тејлор јуниор е прва личност осудена во САД според законот од 1994 година, кој дозволува да се обвини американски државјанин или лице кое се наоѓа во САД за злосторства извршени во странство.
Чаки е уапсен на меѓународниот аеродром во Мајами во март 2006 година, еден ден откако неговиот татко се предаде да му се суди пред Специјалниот суд за воени злосторства и злосторства против човештвото во Сиера Леоне. Поранешниот либериски претседател се товари за извршени воени злосторства за време на граѓанската војна во Либерија (1991-2001) во која се убиени 120.000 луѓе.

{loadposition content9}