Вчера започнаа преднарачките за часовникот н Apple и овој уред е распродаден за само шест часа, а притоа најбараните модели биле распродадени во само 10-30 минути. Љубителите на Apple кои успеаа да го нарачаат сојот модел во тој рок истиот ќе го добијат на 24 април или некој ден подоцна, додека останатите ќе мораат да чекаат еден до четири месеци за испорака на саканиот модел.
Многумина аналитичари и технолошки новинари очекуваа ваква ситуација за која велат дека е комбинација на голема побарувачка, но и моментална лимитирана достапност до ваков уред. Apple со тек на време ќе го зголемува производството на овој уред и со сигурност ќе расте и побарувачката, а најголеиот шпиц се очекува на крајот од годината кога за многумина ќе биде на листата за божиќен шопинг.
За првите впечатоци за часовникот на Apple ќе мора да се сочека до 24 април, но дел од новинарите веќе го пофалија овој часовник со излегувањето на првите рецензии кои беа објавени на почетокот од овој месец. Така, новинарот на NY Times вели дека Apple Watch е наменет за оние кои се зависни од своите паметни телефони и кои ќе имаат константен пристап на бројни известувања, а токму тоа може да претставува проблем бидејќи има константно вибрирање на часовникот.
Farhad Manjoo од NY Times верува дека ова ќе биде пренослив компјутер кој во иднина би можел да ги смени нашите животи и ќе биде центар на сите уреди кои ги користиме, односно “далечински управувач за управување со надворешниот свет” со кој ќе може да плаќаме во продавници, да отвораме врата, да повикуваме такси, да комуницираме со нашите најблиски и слично.
{loadposition content9}