Skip to main content

CDU на Ангела Меркел победи на парламентарните избори во Германија

Демохристијанскиот блок на чело до досегашниот канцелар Ангела Меркел (55) на вчерашните парламентарни избори во Германија освои 33,8 отсто од гласовите, покажуваат официјалните резултатите.

 |  Крсте Голабовски  | 

Демохристијанскиот блок на чело до досегашниот канцелар Ангела Меркел (55) на вчерашните парламентарни избори во Германија освои 33,8 отсто од гласовите, покажуваат официјалните резултатите.

Angela MerkelДемохристијанскиот блок составен од Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Христијанско социјалната унија (ЦСУ), заедно со либералната Слободна демократска партија (ФДП), за која гласаа 14,5 проценти од Германците, би можеле да формираат влада.

– Успеавме да освоиме солидно мнозинство, за да составиме нова Влада на блокот на Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) и либералната Слободна демократска партија (ФДП). Постигнавме нешто неверојанто. Успеавме да ја постигнеме предизборната цел за стабилно мнозинство за нова влада на Германија. Сакам да бидам канцелар на сите Германци, за да ја подобрам ситуацијата во земјата, изјави Меркел по изборите.

Лидерот на Либералите Гвидо Вестервеле изрази задоволство од одличниот резултат и им се заблагодари на избирачите за најдобриот резултат што досега го постигнала неговата партија – над 14 проценти од гласовите според првичните прогнози на германските телевизии.

Лидерот на Социјалдемократите Франк Валтер Штајнмаер го призна поразот на партијата.

– При сегашната состојба на работите блокот на ЦДУ и ЦСУ и ФДП имаат мнозинство и ќе формираат влада. Тоа е горчлив пораз. Не чека нова улога – улога на опозициска партија, рече Штајнмаер, кој изминатите четири години беше министер за надворешни работи.

Сегашниот изборен резултат на германските Социјалдемократи од под 25 проценти е најнискиот од Втората светска војна.
Изборите имаа рекордно слаб одзив од 72 отсто, а од другите партии левицата освои 12,5 отсто, а зелените 10,1 проценти од галсовите. На изборите учествуваа 29 од вкупно регистрираните 103 политички партии. Се гласаше на 80.000 избирачки места и 299 изборни окрузи.

Во исто време со сојузните избори во Германија се одржаа и покраински избори во двете германски федерални единици – Шлезвиг-Холштајн и Бранденбург. Германците за сојузниот Парламент гласаат на четири, а за покраинските на пет години.
Победата на Мерлкел и ја честитаа американскиот претседател Барак Обама, британскиот премиер Гордон Браун и францускиот претседател Никола Саркози.

{loadposition content9}