Целта на Израел e да го уништи Хамас
Постојаниот претставник на Израел во ОН Габриела Шалев изјави дека Израел ќе ги продолжи нападите во појасот Газа додека не ја постигне целта, која е “целосно уништување на терористичката банда Хамас“, пренесоа светските агенции.
| Крсте Голабовски | Свет
Газа
Постојаниот претставник на Израел во ОН Габриела Шалев изјави дека Израел ќе ги продолжи нападите во појасот Газа додека не ја постигне целта, која е “целосно уништување на терористичката банда Хамас“, пренесоа светските агенции.
Шалев ги релативизира меѓународните критики за израелските воздушни напади во појасот Газа во последните денови. Таа ја исклучи секоја можност за враќање кон клаузулите на досегашното примирје со Хамас, кое се распадна по појавите на насилство за време на изминатиот викенд.
Шалев изрази жалење за цивилните жртви меѓу Палестинците, но изјави дека за нив вината ја носи движењето Хамас, кое дејствува во станбени региони и цивилите ги користи како жив штит.
Таа посочи дека Израел сака посигурни гаранции дека ќе престанат мападите врз Израел со палестински ракети.
Израелските лидери веќе изјавија дека не сакаат повторно да ја окупираат Газа, забележаа агенциите.

{loadposition content9}