Цената на барел нафта на берзата во Лондон на крајот од неделата е на највисоко ниво во 2015 година, поттикната со загриженоста во врска со снабдувањето од Блискиот исток по најновите воздушни напади во Јемен.
На берзата во Лондон цената на барел нафта порасна за 60 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 65,45 долари, додека на американските берзи барел нафта се тргуваше за 10 центи пониска цена во однос на Лондон, која изнесува 57,64 долари.
Послабиот долар и силниот пораст на стопанството во Европа и Азија исто така ја поттикнаа цената на нафтата, кој во овој месец се зголеми за 10 долари, а се темели на порастот на затегнатоста на Блискиот исток и успорувањето на растот на американското производство.
Зголемувањето на цената во последниот месец покажува сѐ понагласена нескладност помеѓу нафтените производители и Wall Street, кога станува збор за опоравување на потонатите цени. Финансиските кругови проценуваат дека цената на нафтата би можела да се опорави многу побрзо од она што се очекуваше во нафтената индустрија, а финансиските кругови тоа го бараат.
Во меѓувреме, дел од аналитичарите оценува дека пазарот не го поддржува растот на цената, а некои производители се припремаат на ситуација каде цената во следните пет години ќе се движи околу 60 долари по барел.
“Не е потполно чиста сликата која ја покажуваат фундаментите”, оценил Eugen Weinberg од франкфуртскиот Commerzbank, укажувајќи на големите резерви во САД и силното производство на членките на OPEC.
Најголемите светски извозници од OPEC произведуваат 2 милиони барели повеќе од тоа што е потребно, правејќи го најголемиот вишок во последните десет години, спрема податоците на истражувањата на Reuters, прогнозерите и агенцијата за енергија.
{loadposition content9}