Skip to main content

Чешка – да се забрани продажбата на при-пејд картички за мобилен

Чешката полиција сака да поведе расправа да се забрани продажбата на при – пејд СИМ картичките поради нивните сознанија дека повеќе од 70 проценти од кривичните дела се поврзани со употреба на мобилни телефони опремени со при-пејд картички.

 |  Маја Савиќ  | 
karticki
картички

kriminalЧешката полиција сака да поведе расправа да се забрани продажбата на при – пејд СИМ картичките поради нивните сознанија дека повеќе од 70 проценти од кривичните дела се поврзани со употреба на мобилни телефони опремени со при-пејд картички, кои без никаква идентификација и регистрација во Чешка се купуваат и во најобичните супермаркети и бензински пумпи.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, според чешката криминална полиција овие мобилни картички се небезбедни и се почесто се користат од педофили кои имаат можност анонимно да сурфаат на интернет како и од криминалци кои се занимаваат со фалсификување на кредитни карти и останати криминални дејствија.
“Не сакам во целост да го отфрлам предлогот, но мислам дека тоа би било преголемо мешање во правата на граѓаните”, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Мартин Пецина.
Додека чешкиот пратеник Цирил Свобода смета дека во принцип полицијата има право да ги употреби сите средства за да ги открие кривичните дела.
Ваквите предлози воопшто не им одат во прилог на мобилните оператори со оглед на тоа што во Чешка при-пејд мобилни картички имаат околу 5 милиони корисници.
– Укинувањето на припејд картичките би било особено лоша вест за корисниците, бидејќи речиси половина од нив ги користат овие услуги, додаде портпаролот на „Водафон“, Мирослав Чепицки.
Чешка е една од ретките земји во Европската унија која има либерална и анонимна продажба на СИМ картички за мобилни телефони. Неодамна анонимната продажба на при-пејд картите ја укина и Словачка.
{loadposition content9}